Биографските филмови секогаш ја наметнувале дилемата дали да се прикаже само најзначајниот и најплодниот период од животот на субјектот, или приказната да го опфати неговото/нејзиното бивствување од раѓањето па се’ до смртта. Првата варијанта, според која се снимени поголемиот дел од филмовите во овој жанр, уште не почетокот игра на картата на екстравагантност и глорификација на личноста, а втората отвора можност за влез на психоанализата во приказната, транспонирајќи ги детските фрустрации и трауми како единствена причина и последица врз подоцнежниот креативен период од животот на субјектот.








