Празник е
Старите не’ потсетија дека треба да ги
повикаме духовите.

По успешното деби со збирката раскази „Млечни заби“, талентираната Хана Корнети „не’ изненадува“ со роман за деца насловен „Илина и шумските тролови“. Нурнете се во ова возбудливо патување заедно со Вашите најмили.
Музејот „Гунценхаузер“ е музеј и уметничка галерија лоцирана во Кемниц, третиот по големина град во Саксонија, Германија. Содржи 2.459 дела од 270 модерни уметници од 20 век, собрани од трговецот со уметнички дела д-р Алфред Гунценхаузер. Музејот беше отворен во декември 2007 година во присуство на германскиот претседател Хорст Келер и е еден од најважните музеи на модерната уметност во Германија.
Поговор кон романот „Мина“ од Игор Анѓелков, Скопје: ИЛИ-ИЛИ, 2023
Пишува: Ана Мартиноска
Загриженоста за човековото страдање на германскиот филозоф и социолог Теодор В. Адорно суптилно се провејува низ саморефлексивната семејна сага на новиот роман на Игор Анѓелков, кој започнува со неговиот цитат како мото „Можеби сетив дека сè она што човек постигнува во животот е само обид да си го врати детството.“. Токму тој стремеж за навраќање кон спомените од детството и кон сопственото и семејното минато, блиско и подалечно, а во обид да се разбере и прифати смислата, но и залудноста на животот, ја гради нарацијата на „Мина“, роман кој по многу нешта се надоврзува, го надополнува или пак претставува извесно продолжение на претходниот роман на овој автор – „Шрапнел“. Таа спојка не е само во експлозивноста на симболиката на двата наслови, туку уште повеќе во споделениот фокус на неколку генерации на ликови од исто семејство, вклучувајќи го и самиот наратор, кој веројатно, но не и нужно, е и самиот автор.
Не е толку честа појава еден филм да ги собере наградите во речиси сите главни категории на доделувањето на европските филмски награди, но токму тоа се случи со француското остварување „Анатомија на еден пад“ на режисерката Жастин Трие, кој во мај ја доби и престижната „Златна палма“ во Кан. За многумина ваквата разрешница на крајот од европската филмска година е неочекувана, бидејќи дел од публиката и критичарите во филмот видоа „само уште едно остварување со судска парница“, но тоа, секако, воопшто не е точно. Можеби делумно би се сложил за режисерскиот дел од работата, каде школски решените сцени се наметнале сами по себе, но врвното сценарио на Трие во соработка со Артур Харари е оној бисер кој храбро се соочува со ѕверското современие во кое живееме, отворајќи безброј релевантни теми низ кои во центарот на вниманието е човекот. А кој друг!?
Денес од печат излегува новиот роман од Фросина Пармаковска насловен „Се’ уште можам нешто да сторам“. Се работи за 226 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ, каде авторката досега ги издаде и „Вишнова хроника“, „Одбројување“ (Роман на годината 2017) и „На враќање“.
Како 225 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ, утре од печат ќе излезе новиот роман на Сашо Кокаланов насловен „Среќните луѓе не слават родендени“. Ова е негова трета објава во оваа издавачка куќа, по популарните „Ние сме лудаци“ и „Ши“.
Синоќа во Берлин беа доделени наградите за најдобрите во седмата уметност во тековната 2023 година. „Европските Оскари“ традиционално се доделуваат на почетокот од декември, кога и привршува филмската календарска година на Стариот континент, за разлика од практиката на холивудската филмска индустрија, каде во опција влегуваат и филмовите кои премиерно се појавуваат во овој период од годината, па во март се прогласуваат најдобрите. Затоа на доделувањето на европските филмски награди горе-долу доминираат филмовите кои добро поминале на трите големи „А“ фестивали во Берлин (февруари), Кан (мај) и Венеција (септември), секако, ако доаѓаат од европската филмска провиниенција. Кога ќе заврши венециската Мостра, сите адути се на маса и почнуваат подготовките за европските награди. Така беше и годинава, бидејќи главен победник со неколку награди беше токму канскиот лауреат. Ова се годинашните европски филмски лауреати.
Љубовта кон куќите, и воопшто, кон уметноста на Ване Костуранов, во нашиот дом трае одамна. Всушност, оваа година година таа љубов стекна полнолетство. Точно осумнаесет години неколку „куќи“ на струмичкиот уметник се дел од нашиот дом. Ние живееме со нив, зборуваме со нив, тие не’ слушаат и не одговараат, но многу добро знаат што се случува: кој е нерасположен, кој е полн со љубов, кој е гневен, кој толерантен, кој е нервозен, кој емпатичен… И така со години. Тие се сведоци на нашиот светоглед, на нашето растење, созревање, стареење… затоа со особено задоволство ја очекувам секоја следна изложба на Ване, сепак, мудро избегнувајќи ја непотребната гужва на отворањето, бидејќи преферирам на раат да си поглаголам со неговите нови куќи.
„Јазикот е нашата татковина“, велеше Блаже Конески. На триесетгодишнината од неговата смрт, од домашниот библиотечен трезор го читаме расказот од истоимената збирка на Конески. Многумина го перцепираат пред се’ како поет (13 збирки поезија), и со право, но тој бил и одличен прозаист и има напишано сјајни раскази, а токму „Лозје“ е оној антологискиот, првообјавениот, во 1955 година.
„Во својата прва збирка раскази „Лозје“, познатиот поет Блаже Конески и’ се претставува на нашата читателска публика и како прозен писател. Мотивите што се обработени во оваа збирка ја откриваат несомнената авторова дарба преку сугестивен уметнички збор да ни ја открива животната стварност, а многу страници претставуваат вистински поетски текст“, е запишано на првиот капак на корицата од книгата, во издание на книгоиздателството “Кочо Рацин” од Скопје.