Базиран според романот „Белиот ѕид“ на Елизабет Холдинг, филмот на режисерскиот тандем МекГи-Зигел претставува верно пренесување на едно литературно део на големото платно, доследно почитувајќи ги жанровските правила. Во современите трилери се’ повеќе се внесуваат нови и непотребни елементи, кои само создаваат поголема конфузија при перципирањето на филмот. За разлика од нив, „Длабокиот крај“ претставува чист пример за тоа како треба да се водат чувствата на гледачот до крајот на филмот, така постигнувајќи задоволителен ефект, без премногу помпа и изнасиленост.
Читај повеќеАрхива за категоријата: Филм
Дебитантски бисер
Кон „Buffalo 66“ на Винсент Гало
Сето она што треба да го содржи еден дебитантски филм, несомнено, може да се најде во првото авторско остварување на актерот/сценарист/режисер Винсент Гало, „Бафало 66“ од 1998 година. Провокативна идеја, одлична глума, доволна количина на его, чувство за експерименталност, приказна пар екселанс, доза на автобиографизам, (извртен) хумор и, на крајот од краиштата, срце и душа што ве милуваат во текот на целиот филм.
Читај повеќеКон филмот „Нора“ на Пет Марфи
Првиот наслов од новата филмска компанија на младите актери Јуен МекГрегор, Џони Ли Милер и Џад Ло, Natural Nylon, е филмот „Нора“. Базиран врз истоимената биографија на Бренда Медокс од 1988 година, за првите десет бурни години од животот на ексцентричниот ирски писател и неговата животна сопатничка Нора Барнакл, ова дело претставува еден краток исечок од 35-годишната романса меѓу двајцата страсни љубовници, нивното бегство од Даблин во Трст, нивните две деца и почетните потенцијали кои писателот треба понатаму да ги развие. Како и во случајот со Нил Џордан, кој долго време посакуваше да ја сними приказната за ирскиот херој Мајкл Колинс, така и режисерот Пет Марфи, по долго чекање, успеа да ја екранизира книгата којашто, според него, му ги отворила очите во врска со животот на неговиот омилен литерарен херој.
Читај повеќеБелите луѓе не знаат да скокаат
Црниот филм: Blaxploitation cinematography
Во почетокот, црниот независен филм зазел опозициски став кон ексклузивниот Холивуд, но во 90-те Афроамериканците увидоа дека таквата позиција е лузерска и успеаја да снимат десетици наслови со кои го воспоставија црниот мејнстрим во филмската индустрија. Во следниот текст збор-два за историјата на „црниот филм“ и неговата актуелна позиција
Читај повеќе50 години на CAHIERS DU CINEMA: Белешки за киното
Во „Урбан магазин“ бр. 5, преку текстот „Сенката на Носферату“ за вампирскиот феномен на Мурнау, индиректно се потсетивме на едно од најзначајните кинематографски движења во 20 век – германскиот експресионизам. Овој пат, исто така на индиректен начин, го чепнуваме историскиот француски Нов бран (Nouvelle vague) од 50-те, движење иницирано и поддржувано од филмскиот магазин Cahiers du cinema
Читај повеќеСенката на Носферату
Филмот „Сенката на вампирот“ на режисерот Елијас Мериж за снимањето на класикот „Носферату“ на Фридрих Вилхелм Мурнау пред точно 80 години, ја разбуди мојата желба за подлабоко истражување и нурнување во мистиката околу оваа култна вампирска приказна, која по турбулентните случувања околу нашите глави во последниве месеци, повторно се актуелизира, овој пат не како одблесок од некои стари времиња исполнети со романтизам и крв, туку како појава на лицата што секојдневно ги гледаме околу нас. Еве го резултатот:
Читај повеќеКон филмот „Cecil B. Demented“ на Џон Вотерс
Во светот на филмот има малкумина автори коишто во текот на својата долгогодишна кариера можат да се пофалат со доследност и конзистентност на својот филмски јазик. Еден од ретките е човекот што доаѓа од зафрлениот американски град Балтимор, режисер чијашто филмска естетика е уникатна и единствена, која несомнено го прави голем auteur, но не со кренат нос, туку со многу истенчена смисла за самокритика. Дами и господа, мистер Џон Вотерс!
Читај повеќеКон филмот „Животинска фабрика“ на Стив Бушеми
Овој филмски наслов веројатно многумина ќе го поврзат со легендарната книга „Животинска фарма“ на англискиот класик Џорџ Орвел. Тоа е секако далеку од вистината, но сепак постојат две лабави допирни точки што се наѕираат и во двата случаја. Првата, и поочигледната, се крие во епитетот „животинско“ во самите наслови, кој во „фармата“ ја опишува неминовноста од создавањето на хиерархиски систем во затворениот круг на општествените вредности, додека истото „анимално“ чувство во „фабриката“ се наметнува преку животот во слична таква, но по обме помала институција со конкретни задолженија и обврски – затворот.
Читај повеќеБритански совет за филмска класификација: Дами и господа, ЦЕНЗУРА!
Какви филмови гледаме во нашите кина? Какви филмови се гледале во нашите кина? Цензурирани или не? Се грижи ли некој за експлицитните сцени на секс и насилство? Го почитува ли некој кодексот на слобода на изразување на режисерот? За кого гласате: Сител или Амазон? Сите овие прашања се ирелевантни во земја кадешто кината се на работ на егзистенцијата (со чест на пар исклучоци), а телевизиите го прикажуваат „Лошиот поручник“ на Ферара во четири попладне. Затоа, дами и господа, ви го претставуваме Британскиот совет за филмска класификација (БСФК), кој се грижи за своите граѓани
Читај повеќеКон „Полок“ на Ед Харис
Биографските филмови секогаш ја наметнувале дилемата дали да се прикаже само најзначајниот и најплодниот период од животот на субјектот, или приказната да го опфати неговото/нејзиното бивствување од раѓањето па се’ до смртта. Првата варијанта, според која се снимени поголемиот дел од филмовите во овој жанр, уште не почетокот игра на картата на екстравагантност и глорификација на личноста, а втората отвора можност за влез на психоанализата во приказната, транспонирајќи ги детските фрустрации и трауми како единствена причина и последица врз подоцнежниот креативен период од животот на субјектот.
Читај повеќе