Над вашите градови трева ќе расте, Анселм Кифер

Доколку сте љубители на современата уметност, тогаш сигурно сте се соочиле со делото на Анселм Кифер. Германскиот сликар и скулптор фигурира високо на листата на највозбудливи современи уметници во последниве неколку декади. Пред две години неговиот сонародник, режисерот Вим Вендерс, му направи прекрасна посвета со документарниот филм едноставно насловен „Анселм“, со поднаслов „Шумолењето на времето“. Меѓутоа, тоа не е прва филмска посвета на работата на германскиот виртуоз. Во 2010 година режисерката Софи Фајнс го посети неговото ателје во јужна Франција и го реализираше феноменалниот „Над вашите градови трева ќе расте“, кој одамна е дел од домашната ДВД колекција. Во меѓувреме, почитуваната Кица Колбе во својот најнов роман „Простување“, кој најтопло го препорачувам, значењето на неговата уметност мајсторски го испреплетува со дејствието на приказната во книгата, што претставуваше уште една силна провокација на која не можев да и’ одолеам. Така сите патишта не водеа кон Рим, туку кон овој текст, во кој низ филмскa визура, носител на главната улога е неверојатниот Анселм Кифер.  

Читај повеќе

„КинеНова“ за Кочани

Оваа година Интернационалниот филмски фестивал “КинеНова“ слави убав јубилеј – 10 години од своето постоење. Во таа насока беше планирана мартовска ревија за загревање на атмсоферата, со избор на некои од највозбудливите остварувања на последните неколку фестивалски изданија. По трагедијата во Кочани, единствена прифатлива форма во која може да се прикажат избраните филмови е неколкудневна ревија со хуманитарен карактер, како што и доликува.

Читај повеќе

Пијаното на Сакамото

Пролетта 2019-та година, Рјичи Сакамото постави пијано во неговиот двор во Њујорк и го остави изложено на надворешните влијанија за да набљудува како пијаното ќе се врати во природата. Пијаното гордо опстојуваше низ годишните времиња неколку години, пред конечно да се пресели во градината на неговиот пријател во Њу Стејт. Овие фотографии ја покажуваат трансформацијата и убавината на пијаното додека и’ се враќа на природата, слично на човековото стареење, разголувајќи ја до срж минливоста на времето.

Читај повеќе

„Зен и уметноста на поправање мотори“ од Роберт Пирсиг

Поминаа педесет години од објавувањето на еден од култните романи во 70-те години на минатиот век. Настанат на основите на слободарските движења една декада пред тоа, книгата на Роберт Пирсиг со своите ставови делува свежо и релевантно и ден-денес, неретко служејќи како референца во разни дебати (не само книжевни). Башка, издаден е во 1974-та, годината на моето доаѓање на овој свет, а кон тој период во книжевноста и воопшто, во уметноста, имам посебни чувства. Токму затоа периодов решив да му се навратам и да го препрочитам ова дело, и во продолжение ќе се обидам да објаснам зошто истото се’ уште е битно.

Читај повеќе

На гости кај Крлежа

Не знам зошто, но првата асоцијација за Загреб отсекогаш ми била „Крлежа“. Веројатно сеќавања на некои минати времиња. Затоа, за време на мојата минатогодишна еднонеделна посета на хрватската метропола, решив дел од времето да му го посветам на книжевниот великан, посетувајќи ја неговата куќа во која го поминал поголемиот дел од животот, и во која на крајот и починал. Денес таа е музеј отворен за посетителите. Ми се чинеше возбудливо да се биде во просториите каде тој пишувал, да се види кои книги ги содржи неговата домашна библиотека, да се помириса застоеноста на тој стар мебел во вилата на влезот од прекрасниот парк „Тушканац“… Има нешто кај книжевниците од стар ков што привлекува, што е дел од таа стара школа чии вредности се универзални, кои денес речиси и да не постојат. Желбата за нурнување барем за момент во тој недопирлив свет си е сосема легитимна желба, но… Секогаш постои едно „но“!

Читај повеќе

Кон романот „Баумгартнер“ од Пол Остер

Пол Остер е мојот омилен американски современ писател. Се разбира дека ме погоди неговото заминување од овој свет на крајот од април минатата година. Неговиот последен роман „Баумгартнер“ беше објавен шест месеци пред неговата смрт, а белградската „Геопоетика“ на Бајац, која во изминатите две декади навремено ги објавуваше неговите дела на српски јазик, романот го објави неколку месеци по неговата смрт. Чудно е чувството кога знаете дека читате нешто што е обележано како „последно“, како нечија „лебедова песна“. Зад тоа зјае само празнината на белата хартија, па затоа возбудата и очекувањата се оправдано високи.

Читај повеќе

Je li Jules Verne sanjao električne boškarine?

Zurim u karstnu jamu ispod mene i pijem domaće, Istarsko pivo. Ovaj balkon je idealno pozicioniran, ni na nebu ni na zemlji, i moram paziti da ne prekoračim granicu. Završavam drugu i posljednju limenku dragocene tijecnosti. Oblaci najavljuju olujno poslijepodne, ali to ne znaci da zip-line preko jame treba da stane. Na nekoliko koraka od Hiže od besida je platforma na koju pristiže nova grupa avanturista. Prepoznajem različite europske jezike. U prvim danima spisateljskog boravka bilo je čudno čuti tu buku, miks straha i oduševljenja, ali ubrzo sam shvatio da je u ovoj osami lijepo imati nekog nedaleko od sebe. Dižem ruku Martinu u znaku pozdrava, on mi uzvraća velikim osmijehom i pita kako je danas Makedonac. Kažem „Tutto bene” u duhu istarskog internacionalizma, i sve se nastavlja neopterećenim tokom popodnevne sijeste.

Читај повеќе

„Ecce homo“ на Тицијан

Сликата „Ecce Homo“ на Тицијан, создадена околу 1543 година, е единственото дело на венецијанскиот мајстор во Романија и воопшто, во Источна Европа. Изложена во општинскиот музеј „Регина Марија“, делото е под строг надзор заради нејзината непроценлива уметничка и историска вредност. Ова иконично парче уметност, симбол на италијанската ренесанса, не само што го збогатува локалното наследство, туку привлекува и меѓународни експерти и посетители, истакнувајќи се како уникатно културно богатство во регионот.

Читај повеќе

Хенри Милер, Париз и еротизмот во книжевноста

Во средношколските денови, освен задолжителните книги чие читање повеќе предизвикуваше отпор отколку возбуда (со чест на исклучоците!), во книжевноста баравме нешто што ќе ја заскокотка нашата фантазија, што ќе не’ однесе на места на кои дотогаш не сме биле. Го откривме Чарлс Буковски со сета негова валкана чистина, но тој свет на тие години како да ни беше недофатлив. Возбудлив, но недофатлив. И тогаш во фокусот ни влета Хенри Милер. Американец, но во Париз. „Светот на сексот“ и „Мирните денови на Клиши“ беа читани и препрочитувани по сто пати, а потоа нуркавме и низ дневниците на неговата голема љубов Анаис Нин. На тој начин Хенри и Џун и Хуго и Анаис, овековечени и на филмското платно од режисерот Филип Кауфман, станаа нашите вистински еротски херои.

Читај повеќе

Роденденското писмо на Акира Куросава до Ингмар Бергман

Почитуван господине Бергман,
Ве молам дозволете ми да ви го честитам седумдесеттиот роденден.
Вашата работа длабоко го допира моето срце секогаш кога ќе ја видам. Научив многу од вашите дела и бев поттикнат од нив. Би сакал да останете во добро здравје за да создадете што повеќе прекрасни филмови.

Читај повеќе