Писмо до Борис

Кон романот „Ветрилиште“; пишува: Марија Трифуновска Тасеска

Драг Борис,

Првично, делуваш како обичен човек, ако обичен е нешто што навистина постои. Не знам по кои критериуми би се утврдила обичноста или необичноста кај некој. Дали можеби тоа што си опишан како човек кој живее обичен живот и станува со кукуригањето на петелот, па слуша музика користејќи грамофон и го пие кафето на балконот, те прави само обичен човек? Или тоа што сакаш „обични, секојдневни нешта  – како редење дрва, косење трева, чистење олуци?“

Ако е тоа критериум, тогаш, кој е посебен?

Читај повеќе

„Angel’s Breath de/re/konstrukt“ – Živa Voda ft. Darko Rundek

Деновиве уживам во повторното читање на легендарниот албум „Angel’s breath“ на Милан и Суба од 1994 година. Нивната соработка под светлото бразилско сонце од деценија во деценија добива се’ поголемо значење, па „препрочитувањето“ на материјалот со универзални вибрации е сосема очекувано, па дури и пожелно. Минатата година „Менарт“ го објави ЛП-то „Angel’s Breath de/re/konstrukt“ на проектот „Жива вода“ во соработка со Дарко Рундек, кој и во претходни наврати сакал да преработи песни од неговиот добар пријател од ЕКВ. Кога го слушнав материјалот, буквално одлепив со каков авангарден пристап музичарите на песните им дале сосема нов живот и здив. Тргнувајќи да најдам повеќе информации за проектот, наидов на еден прекрасна рецензија која ги содржи повеќето работи кои и јас сакав да ги напоменам во текстот. Затоа одлучив да го „позајмам“ освртот од колегите на страницата „Тhoughts Words Action“, кој можете да го прочитате подолу.

Читај повеќе

„Национален музеј на планината“ во Торино

Кога се наоѓате во пазувите на првиот главен град на Италија, неизбежно е да ги посетите знаменитостите во центарот на градот, како „Кралскиот музеј“ и Музејот и црквата на Светиот покров, но уште подобро е доколку нешто пријатно Ве изненади. Тоа ми се случи со сосема неочекуваното откривање на музејот посветен на планината во Торино, како прво искуство од ваков вид во животот. Веројатно низ светот постојат многу вакви тематски музеи посветени на убавините на нивните величества – планините, но еве, судбината сакаше за мене тоа да се случи токму на северот на Италија и токму во подножјето на величествените Алпи, кои гордо стојат на кровот од Европа.

Читај повеќе

Роберт Дивал – незаборавниот THX 138

Вчера светот го одбележа заминувањето на американскиот актер Роберт Дивал. Тоа е оној човек во холивудските филмови кој секогаш е некако во позадина, но со своите перформанси често пати ја „крадеше“ магијата од главните актери. Тој е актер кој се трансформираше во уверлив адвокат на мафијата во легендарниот „Кум“, командантот од Виетнам опседнат со сурфање во „Апокалипса сега“, изговарајќи ја незаборавната реплика „го сакам утринскиот мирис на напалмот“,  и многу други филмски, театарски и телевизиски ликови. Почина во неделата на 95-годишна возраст.

Читај повеќе

Назиф Мујиќ, железото и сребрената мечка

Во четвртокот стартуваше 76-тото издание на „Берлиналето“, кое секогаш е непредвидливо и нуди интересни наслови. Во оваа прилика се потсетуваме на легендарното издание од 2013 година, кога неочекувано наградата за најдобар актер ја доби босанскиот Ром, натуршчикот Назиф Мујиќ, за неговата ролја во филмот „Епизода од животот на собирачот на железо“ од Данис Тановиќ.

Читај повеќе

Не си го продавај, Кољо, чифликот

Кон „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска

По двojната оскаровска номинација за „Медена земја“, сосема очекувано беше режисерката Тамара Котевска да ја продолжи својата приказна во рамките на креативната документаристика и повторно да предизвика внимание не само во регионот, туку и во светски рамки. Во изминатите месеци нејзиното име повторно беше актуелно благодарение на новиот документарен филм „Приказната за Силјан“, кој освои еден куп фестивалски награди и на крајот, за жал, не влезе во најтесната конкуренција за „Оскарот“. Да потсетиме, во меѓувреме од нејзината работилница ја добивме филмуваната верзија на приказната за куклата Амал („Патување пеш“, 2024), а со нетрпение го очекуваме и првиот долгометражен филм на авторката, кој (треба да) е во постпродукциска фаза.

Читај повеќе

Домаќине, „добри гости“ ти дојдоа… #8

Тргнувајќи од текстот на народната песна, домаќинот треба да ги отвори ширум вратите, но и срцето, особено кога најавено доаѓаат добри гости, а досега многу пати се покажало и докажало дека Охрид како домаќин знае како тоа да го стори. „Издавачката куќа „ПНВ Публикации“, во соработка со „Поетска ноќ во Велестово“ и „Култура Бета“, в сабота, на 7 февруари, во Охрид ќе го реализира проектот „Добри гости“, преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители“, се вели во соопштението на издавачката куќа која по осми пат го реализира овој настан.

Читај повеќе

„Бесмртност“, Клер Харнер

„Не стој до мојот гроб плачејќи“ е моќна елегија напишана од американската поетеса Клер Харнер (1909-1977), премиерно објавена како „Бесмртност“ во списанието „The Gypsy poetry magazine“ во 1934 година. Оваа песна е напишана за многу краток период и станала утеха за ожалостените по ненадејната смрт на нејзиниот брат.

Читај повеќе

Спиеш ли мирно, Сара Конор?

Со „Безбеден град“, пешаците и велосипедистите конечно ја добија заслужената почит како составен дел од сообраќајот. И најважно од се’, на кутрите возачи-почетници од авто-школите нема беспотребно да им се свири.

Читај повеќе

Нови изненадувања за нови поколенија

Поговор кон реизданието на „Писма“ од Игор Исаковски (ИЛИ-ИЛИ, 2026)

Почетокот на последната деценија во 20 век беше катарзичен. Истовремено финишираа 80-те години, кои за многумина на овие, регионални простори беа „рајот на земјата“, со една од најсилните европски музички сцени и генерално безгрижното живеење и патување со црвениот пасош каде и да ви текне, а започнуваа крвавите 90-ти години на Балканот кои ќе го ослободат притаеното зло и за кои, од оваа дистанца, знаеме како ќе завршат – со илјадници невини жртви. Како увертира на босанската приказна, во 1989 година на телевиските екрани, во живо, ја следевме автентичната романска револуција низ улиците на Букурешт, додека во Берлин се рушеше ѕидот како најава на почетокот на крајот на неколкудецениската блоковска „студена војна“ меѓу Истокот и Западот.

Читај повеќе