„We could be heroes just for one day“, David Bowie
Архива за категоријата: Филм
Филмската критика кај нас не функционира како што би требало, но се обидувам сето тоа да изгледа пристојно, будно следејќи и пишувајќи за случувањата во македонската кинематографија, но и пошироко. Во оваа рубрика со неколку подрубрики ќе прочитате се’ што успеав да проследам во изминатите две декади, откако ја следам Седмата уметност, со напомена дека најголемиот дел од текстовите се интегрален дел од моите две филмски книги, „Филм.мкд“ и „Филмски град“, а дел од нив се објавувани и на веб страните kritika.mk, kinoteka.mk и сл.
Минатиот месец, на 42то издание на Филмскиот фестивал во Минхен, довчерашниот генерален секретар на ФИПРЕСЦИ, Клаус Едер, заслужено ја доби почитта од меѓународната заедница на филмски критичари. Почесниот говор го одржа германскиот критичар Тило Видра, кој потоа му ја додели статуетката на славеникот. Од неговиот текст објавен на веб-сајтот на ФИПРЕСЦИ го пренесуваме текстот посветен на г-нот Едер, кој зад себе има 38-годишно искуство во водењето на најстарата и најценетата организација на филмски критичари во светот.
Секое лето си има свој блокбастер, а ова очигледно ќе се памети по ново-стариот „Супермен“. Првиот суперхерој кој го гледав како дете заслужува внимание, после сите верзии што во меѓувреме ги доживеа и кои ја исцицаа сета креативност од оваа моќна стрип приказна. Ме интересираше колку новиот Супермен се базира на првичната сторија и на она што Ричард Донер ни го „подари“ на сребрениот екран пред речиси педесет години, колку лепушкастиот актер Дејвид Коренсвет достојно ги носи наметката и гаќите на легендарниот Кристофер Рив, бев љубопитен и дали младиот актер Николас Хоулт уверливо го одигрува негативецот Лекс Лутор, првично креиран од ненадминатиот Џин Хекман, и секако, дали наивкото со наметка повторно ќе ја врати Земјата малку наназад, а потоа малку нанапред, за да го врати времето и да ја спаси љубената. Згора на тоа, бев додатно мотивиран на подмладокот, на чија возраст веројатно ја гледав првата верзија на „човекот од челик“ од 1978 година, да му откријам еден нов филмски свет во кој царува желбата за правдина и емпатијата кон човечката раса во неволја, барем така беше во оригиналот. И така тргна приказната.
Во рамките на второто издание на Интернационалниот фестивал на кратки филмови „Абас Кјаростами“, синоќа во официјалната селекција беше прикажано нашето десетминутно остварување насловено „Крстопати“ (Crossroads). Филмот е одговор/реплика на познатиот документарен филм на славниот ирански режисер од 2005 година насловен „Патишта“ (Roads), и ја истражува темата „Во кој момент се вкрстуваат патиштата на авторите од две различни култури?“
Утре започнува второто издание на Интернационалниот фестивал за краток филм „Абас Кјаростами“ во Берлин, посветен на магот на иранската и светската кинематографија, кој во 1997 година ја освои „Златната палма“ во Кан за прекрасниот филм „Вкусот на црешите“.
Да бидам искрен, темата за ПЕН конференцијата на прв поглед ми беше далечна, исплашен од сите тие големи и значајни зборови и терминологија од чие значење може човека да го заболи глава. Но сепак, морам да признам, уживав во разните интерпретации на големите умови на темата, бидејќи прецизно го дефинираат времето во кое живееме и, на крајот на краиштата, во кое твориме и оставаме нешто зад себе. И како навлегував во суштината на темата читајќи разни текстови, сфатив дека јас, на некој начин, всушност веќе го живеам постхуманистичкиот период. Не се сметам себеси за пост-човек, напротив, но преку заедничкиот живот што го живеам со моето семејство, сфаќам дека новото време длабоко продрело во мојот начин на минување низ секојдневните предизвици, попатно несвесно прифаќајќи многу нешта. Изреката вели: „Ако не можеш да ги победиш, тогаш придружи им се“. И навистина е така, и така мора да биде. Впрочем, и прилагодувањето на новонастанатите ситуации читам дека е интегрален дел од постхуманизмот, така што… опушти се и пливај, си велам. Час низводно, час спротиводно, сеедно, важно е да се плива. Во чиста и бистра вода, или во гомна, сеедно. Пливај!
Викендов беа доделени престижните награди на филмскиот фестивал во Кан, како врв на дванаесетдневното фестивалствување по 78 пат. Една од работите по кое ќе се памети ова издание е старо-новиот манифест на данските Догмe-филмаџии, кој им овозможува на професионалците да ги реализираат своите замисли на еден поинаков, поприроден начин. „Screen daily“ информира дека триесет години по лансирањето на филмското движење „Догмe 95“, пет дански филмски режисери во подем на 17 мај во Кан го лансираа „Догмa 25“, манифестот со кој се обврзуваат на слични строги правила на натуралистичкото филмско творештво со цел „да се зачува оригиналноста на киното и да се создаде филм според негови услови“.
На годинашното 78. издание на филмскиот фестивал во Кан, престижната „Златна палма“ ја освои филмот „Едноставна несреќа“ на режисерот Џафар Панахи. Ова воопшто не е изненадување бидејќи секогаш кога феноменалната иранска кинемтографија има нешто да понуди, тоа вообичаено на крајот станува лауреат. Меѓутоа, во овој текст се осврнуваме на одлуките на колегите од ФИПРЕСКИ, кои речиси секогаш се разликуваат од оние на официјалното жири, откривајќи нови таленти и нови пристапи во филмската уметност. Во продолжение ги претставуваме трите ФИПРЕСКИ лауреати на годинашниот Кан.
Едно од најпријатните изненадувања на филмското платно минатата година беше филмот „Конклава“ . На доделувањето на Европските филмски награди во декември незаборавни појави беа оние на Ралф Фајнс и Изабела Роселини, како носители на главните ролји во филмот на Бергер. Прекрасниот пар во зрели години блескаше на сцената и едноставно ме натера да го гледам нивното ново остварување, иако не сум голем љубител на политички трилери. Но возбудата се зголеми кога уште на најавната шпица прочитав дека се работи за адаптација на роман од Роберт Харис, сметајќи дека она што следи не може да биде здодевно, туку напротив.
Чудно е чувството кога гледате македонски филм кој почнува со најава на која фигурираат логоата на „Universal“ и „Focus features“. Копродукцискиот проект зад кој стојат Македонија, Хрватска, Полска, Србија и Косово многу бргу од регионален си доби и светски шмек, откако филмот доби десетина фестивалски награди. За сето ова најзаслужен е македонскиот Австралиец Горан Столевски, кој за само пар години сними три долгометражни остварувања, наметнувајќи се како еден од современите млади режисери на кого треба да се внимава и во иднина. Филмот беше македонски кандидат за „Оскар“.